
Фудбалската репрезентација на Еквадор би можела да биде исфрлена од мундијалот во Катар. Мексиканската телевизија „Azteca Deportes“ доцна синоќа објави, повикувајќи се на адвокат од Чилеанската фудбалска федерација, дека ФИФА одлучила Еквадор да биде исфрлен од Светското првенство. Проблемот наводно е во пасошот на еден еквадорски играч, а конечната одлука ќе биде објавена в петок.
Веста ја пренесоа некои јужноамерикански медиуми, а адвокатот Едуардо Карлецо изјави за „Azteca Deportes“ дека е сигурен дека одлуката ќе биде во корист на чилеанската федерација. Имено, Чилеанците тврдат, а сега наводно имаат и докази, дека Бајрон Кастиљо во квалификациите за СП настапувал за Еквадор со лажен пасош.
Карлецо тврди дека Кастиљо со помош на еквадорските цивилни власти и тамошната фудбалска федерација ги фалсификувал сите документи и дека тој всушност воопшто не е Еквадорец. Карлецо тврди дека е роден во Колумбија, дека неговите отпечатоци воопшто ги нема во еквадорските регистри и дека не смеел да игра за Еквадор.
„Родителите на Бајрон Кастиљо се родени во Тумако, Колумбија, Бајрон е роден во Тумака и таму е крстен. Нема докази дека тој има некаква врска со Еквадор и доказите се многу јасни“, рече Карлецо, кој ја претставува Чилеанската фудбалска асоцијација.
„Azteca Deportes“ пишува дека ФИФА веќе практично донела одлука и дека Еквадор ќе биде исфрлен од мундијалот, односно дека натпреварите на кои играл ќе бидат регистрирани со резултат 3-0 за противниците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
