
Фудбалската федерација на Македонија денеска во соработка со Црвен Крст – Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција дарувајќи го „највредниот подарок – капка полна живот“!
„Ја потврдуваме нашата посветеност на хуманоста – вредност што ги обединува сите во Фудбалската федерација на Македонија. Организирана е крводарителска акција во која учествува вработени во федерацијата и надворешни соработници кои доброволно се вклучија во повикот за несебична помош и солидарност. Највредниот подарок. Капка полна живот“, информираа од ФФМ.
Во акцијата беа вклучени и селекторот Благоја Милевски, легендата на македонскиот фудбал Бобан Бабунски, како и голем дел од вработените во федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal