
Фудбалската федерација на Македонија експресно реагираше и отвори дисциплинска постапка против Шкендија за нечовечкото однесување на навивачите кои со песна за УЧК ја нарушија онаа минута молк која беше наменета во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, се вели во соопштението на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal