Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важна информација за навивачите кои купиле билети за натпреварот против Белгија во Гент.
ФФМ ги извести фановите дека мора да ги активираат билетите, зашто во спротивно нема да им биде дозволен влез на стадионот.
„Драги навивачи на македонската репрезентација,
Сите кои купивте ваучери за билет за натпреварот Белгија – Македонија, што ќе се игра во Гент (10.10.), ве известуваме дека на вашата е-пошта веќе е испратен e-mail директно од Белгиската фудбалска федерација (RBFA).
Преку линкот во тој e-mail треба да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети (сеуште има релативно голем број неактивирани билети).
За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот.
Доколку тоа не се направи, не ќе можете да влезете на стадионот. Ве молиме проверете го вашето сандаче (и Spam/Promotions папките) и завршете ја активацијата навреме“, соопштија од ФФМ.
Натпреварот меѓу Белгија и Македонија во квалификациите за СП се игра на 10 октомври во Гент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













