Фудбалската Федерација на Македонија објави дека сите билети за бараж-дуелот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово се распродадени за рекордно време. „Црвено-жолтите“ имаат одлична можност да стигнат до историски прв пласман на европските шампионати, па јасно е зошто сите билети беа продадени за само неколку дена.
Останува да се следи ситуацијата со коронавирусот во Македонија, со оглед на последната изјава на Министерот за Здравство, Венко Филипче, дека негов личен став е дека овој натпревар треба да се игра без публика на трибините.
„Сите спортски натпревари, вклучително и Македонија-Косово, според мене треба да се играат без публика. Да бидеме внимателни, очекуваме на меѓународни натпревари да има гости од странство. Оваа забрана (за масовни јавни собири) ќе препорачаме да трае уште една недела, до 13-ти, но во зависност од ситуацијата можно е да донесеме друга одлука“ – изјави министерот за здравство на Макеодонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Од ФФМ нагласуваат дека доколку Министерството за здравство и Владата на РСМ донесат одлука за натпреварот тие, во консултација и со УЕФА, ќе мора истата да ја почитуваат.
„Доколку се донесе одлука натпреварот меѓу Македонија и Косово да се игра без публика, тогаш ќе им бидат вратени средствата на сите кои купиле билети“ – изјави вчера и портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski