
Фудбалската федерација на Македонија праќа известување до сите учесници во Детската лига, клубовите, фудбалските школи, тренерите и особено родителите на децата кои се дел од најмасовното натпреварување во млади категории во Македонија дека немаат трошоци поврзани со користење на терените на кои се играат натпреварите од Детска лига, најчесто тренинг центарот “Петар Милошевски”, или пак терените на кои се играат натпреварите во рамки на западниот или југозападниот регион, ниту пак се обврзани дополнително да плаќаат сума на пари за обезбедување на судии за натпреварите или надоместок за други трошоци поврзани со организација на натпреварувањето.
За целата натпреварувачка сезона од Детска лига (септември 2022. – мај 2023.), учесниците плаќаат симболична котизација (по категорија, независно од фудбалскиот регион), а тоа всушност го гарантира нивното учество во натпреварувањето за цела сезона и овозможува систем за натпреварување со претходно познат број на учесници.
Фудбалската федерација на Македонија ги покрива сите трошоци поврзани со користење на терените, трошоците за судиите, техничката организација на натпреварите и награди/признанија за најуспешните.
Федерацијата, исто така, обезбедува фудбалски топки за сите клубови / фудбалски школи кои се дел од системот за натпреварување во Детска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
