Connect with us

ФФМ им даде билети за ЕВРО на вработените од Клиниката за инфективни болести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денеска им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби кои организирано ќе ги следат натпреварите на Македонија на ЕВРО.


Куќата на фудбалот им даде предност на здравствените работници кои аплицираа за купување на билети за ЕП преку ФФМ, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им овозможи влезници за натпреварите на Македонија на ЕВРО 2020.

„Изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чувствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и трудот што го вложуваат за да не заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности”, истакна претседателот на ФФМ при врачувањето на билетите.

Во името на вработените во Клиниката за инфективни болести се заблагодари главната сестра Габриела Темелковска.

„Голем е гестот на ФФМ. Почит од сите нас. Благодарни сме на федерацијата, како и за поддршката која фудбалерите и спортистите ја искажуваа за здравствените работници во изминатиот период. Дел од вработените во нашата клиника организирано ќе патуваат во Букурешт и со цело срце ќе ја бодрат македонската репрезентација. Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката која нас ни ја даваа фудбалерите во исклучително тешкиот период за сите“, истакна Темелковска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови