Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа на фудбалот“ имаа работна средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и шефот на кабинетот на градоначалникот во општината, Марјан Христов.
На состанокот разговараа за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.
„Би сакал да упатам благодарнот до градоначалникот Муцунски за конструктивниот разговор. Инфраструктурата е секогаш важна. Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат.
Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време. Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, вели дека инфраструктурата останува засекогаш и е повеќе од потребна на сите нивоа.
„Фудбалската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво, вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа.
Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот.
Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“, изјави Тимчо Муцунски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski