Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за претстојниот натпревар со Бугарија во Скопје, на 26 септември, во Лигата на нации. Цената на влезница за натпреварот ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTikets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на документи за идентификација.
УО на ФФМ на денешната седница го прифати предлогот за слободен влез на стадионот на ТЦ „Петар Милошевски“ за љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација на натпреварот Македонија – Летонија во женска конкуренција од квалификациите за СП 2023. Натпреварот ќе се одигра на 1. септември во 16 часот.
УО на ФФМ ги донесе пропозициите за натпреварување во Прва ЖФЛ и Втора ЖФЛ за натпреварувачката сезона 2022/2023, пропозициите за Куо натпреварување во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2022/2023, пропозициите за натпреварување во млади женски категории за натпреварувачката сезона 2022/2023, како и пропозициите за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2022/2023.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski