Connect with us

Фернандо Сантош: Македонија е многу силна, штом ја елиминира Италија…

Португалија е (по)следниот ривал на Македонија на патот кон Светското првенство. Синоќа селекцијата на Фернандо Сантош славеше со 3-1 против Турција на „Драгао“, а на 29.март ќе ја пречека Македонија.

Португалскиот селектор вели дека нашиот национален тим е силен, а тоа го покажал и со елиминацијата на Италија.

„Македонија? Тие се многу силен тим. Успеаја да го елиминираат актуелниот европски првак Италија, и тоа на гостински терен. Тоа не го може секој. Ќе мора добро да се подготвиме. Ни претстои последната пречка до Светското првенство“, изјави Фернандо Сантош по триумфот над Португалија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови