
Една ера завршува, но неговото име останува засекогаш врежано во историјата на ФК Шкендија, објави клубот во чест на една од своите легенди. Ферхан Хасани, еден од најталентираните фудбалери што ги произвела клупската академија и една од најиконичните фигури на клубот, официјално се повлече од активното играње фудбал на 34-годишна возраст.
Веста самиот Буба ја соопшти преку емотивно видео на социјалните мрежи, во кое ги сподели најубавите моменти од својата кариера и упати порака со благодарност до сите клубови во кои настапуваше низ годините.
Хасани своето фудбалско патување го започна во Шкендија, каде беше дел од историската генерација која во 2011 година го освои првото шампионско злато во историјата на клубот. Со својот талент и посветеност, се етаблираше како еден од најистакнатите фудбалери на својата генерација, отворајќи си врата кон меѓународна кариера во клубови како Волфсбург (Германија), Брондби (Данска), Ал Раед (Саудиска Арабија), Хелсинки (Финска), Партизани (Албанија) и Хелсингор (Данска).
Во зенитот на својата кариера, од 2015 до 2018 година, Хасани беше дел од моќната Шкендија која блескаше на европската сцена, три сезони по ред стигнувајќи до плеј-оф фазата во Лига Европа. Во тој период, тимот се соочи со големи европски гиганти, вклучувајќи го и седумкратниот освојувач на Лигата на шампионите, Милан.
Ферхан Хасани беше и македонски репрезентативец, за националниот тим настапуваше во периодот од 2010 до 2021 година, одигра 43 натпревари и постигна два гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
