Новиот македонски фудбалски дијамант Лука Станковски е фудбалерот што ги полни страниците на турските медиуми, гигантот Фенербахче е сериозно заинтересиран за негов ангажман. Најавите се дека главните преговори би можеле да се одвиваат во текот на викендот, а планот на Фенербахче е да го купи младинскиот македонски репрезентативец од Работнички и веднаш да го отстапи во холандскиот прволигаш Фортуна Ситард, каде ќе треба да добие доволно минутажа за да напредува и да го покаже целиот потенцијал.
За Лука Станковски, кој одигра одлична полусезона во дресот на „романтичарите“, постигна седум гола и забележа две асистенции на 15 натпревари во Првата фудбалска лига, се интересираат голем број клубови од Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













