Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година се подготовува за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2023 против Украина и Франција. Фудбалерот од средниот ред на Жилина, Енис Фазлагиќ верува дека нашиот млад национален тим со огромно залагање може да оствари позитивни резултати.
„Не очекуваат тешки натпревари против Украина и против Франција. Фокусирани сме на првиот дуел со Украина. Ривалот е во одлична форма во овие квалификации, има одлични индивидуалци, но исто така се добри и како колектив. Ќе се подготвиме максимално и се надевам дека ќе успееме да освоиме три боде. Ќе одиме чекор по чекор, потоа ни следи Франција и верувам дека ќе добиеме голема поддршка од навивачи за да освоиме бодови и на тој меч. Поради повреда на зглобот не бев во селекцијата на претходните натпревари, но сега сум подготвен да дадам се од себе за Македонија на натпреварите со Украина и Франција“, изјави Фазлагиќ.
Младиот национален тим на 11 ноември ќе ја пречека Украина на комплексот „Петар Милошевски“, а пет дена подоцна ќе биде домаќин на Франција на Националната арена „Тодор Проески“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski