Connect with us

Фановите се истурија на Гризман: „Меси не напушта поради тебе“

Навивачите на Барселона се огорчени поради заминувањето на Лионел Меси од клубот, а гневот го истурија врз вториот најплатен играч, Антоан Гризман, кој утрово пристигна во тренинг центарот со својот луксузен автомобил.


Додека Французинот доаѓаше на тренинг, навивачите му извикуваа: „Меси не напушта поради тебе“. За среќа, немаше поголеми инциденти, фудбалерот мирно излезе од автомобилот.

Гризман минатиот месец беше блиску до враќање во Атлетико Мадрид во размена со Саул Нигез, но таа приказна набрзо пропадна откако тој не се сложи на намалување на платата.

Откако пристигна во Барселона пред две години, Гризман само на моменти покажа зошто е доведен, и ако се земат предвид неговите огромни приходи, јасно е зошто навивачите се огорчени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови