
Цеск Фабрегас, кој се сметаше за прв фаворит да го наследи Симоне Инзаги на клупата на Интер, ги разочара „нероаѕурите“, откако денеска јавно потврди дека останува посветен на својот проект во Комо.
На настан во Лондон, младиот шпански тренер изјави:
„Се приклучив на овој клуб бидејќи размислував за долгорочен проект. Навистина верувам во визијата на Комо. Доаѓајќи како играч, денес сум многу, многу среќен што можам да работам на начин како што сакам. Јас и сопствениците имаме исти цели и амбиции.“
Овие зборови доаѓаат само ден по изјавата на претседателот на Комо, Мирван Суварсо, кој исто така беше категоричен:
„Фабрегас е клучен дел од нашата иднина и нема да замине.“
Сепак, според италијанските медиуми, Интер сè уште не се откажал. Спортскиот директор Пјеро Аусилио дури отпатувал во Лондон со цел лично да се сретне со Фабрегас и да го убеди да го преземе кормилото на миланскиот гигант.
И покрај одлучните изјави од двете страни во Комо, останува да се види дали понудата од Интер ќе биде доволна да го промени мислењето на амбициозниот шпански стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
