
Манчестер Сити го совлада Фулам со 4-1 и на доминантен начин се пласира во следната рунда од ФА купот на Англија. Иако гостите поведоа со голот на Фабио Карвалјо во четвртата минута, но „граѓаните“ возвратија преку Илкај Гундоган, а Џон Стоунс во 13.минута се погрижи за пресврт.
Во вториот дел, Ријад Махрез постигна два гола за убедлив триумф на тимот на Пеп Гвардиола.
Франк Лампард стартуваше со победа од 4-1 против Брентфорд на клупата на Евертон. Јери Мина во 31.минута донесе водство за Евертон, а Ришарлисон зголеми на 2-0 на стартот на вториот дел. Гостите намалХија од пенал преку Иван Тони. Сепак, Холгејт и Таунсенд стрелаа за убедлив триумф до крајот на мечот.
Норич го елиминира Вулверхемптон со триумф на гости од 0-1, а Кристал Палас го совлада Хартлепул со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
