Пари Сен Жермен го претстави својот нов домашен дрес, инспириран од богатото наследство на клубот.
Откако ја освоија Лигата на шампионите за првпат во својата историја, тимот на Луис Енрике ќе носи дрес кој оддава почит на грандиозната архитектура на нивниот роден град.
„Поиконичен од кога било, легендарниот домашен дрес на Пари Сен Жермен е преработен со темно сина (полноќна) основа, силни црвени и бели детали и графички дизајн инспириран од решетеста структура што му оддава почит на архитектонското наследство на градот. Овој дизајн го отелотворува парискиот идентитет и традицијата на клубот. Од улиците на големиот Париз до трибините на ‘Паркот на принцовите’, овој дрес е повеќе од обична опрема: тоа е униформа на една генерација која го доживува фудбалот како култура и посветеност“, се зборовите со кои беше претставен новиот дрес.
Европските шампиони ќе дебитираат со својата нова опрема на воведниот натпревар од Светското клупско првенство против Атлетико Мадрид во Лос Анџелес на 15 јуни.
👕🟥🟦
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 11, 2025
Un hommage affirmé à l’identité parisienne du Club et son héritage.
Notre nouveau maillot Home pour la saison 25/26 ✔️
➡️ https://t.co/cgBfULfpYr pic.twitter.com/4IX2L4ZqNK
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













