Connect with us

Евертон еден месец без голманот Џордан Пикфорд

Голманот на Евертон и репрезентативец на Англија, Џордан Пикфорд, заработи повреда на препоните која ќе го спречи да настапи за националниот тим на натпреварите од Лигата на нации против Италија и Германија.


Пикфорд се повреди минатиот викенд за време на дербито на „Мерсисајд“ против Ливерпул (0-0).

Од Евертон по деталните прегледи претпоставуваат дека тој ќе може да се врати дури по репрезентативната пауза.

Покрај тоа што нема да може да игра за репрезентацијата, Пикфорд ќе го пропушти и гостувањето на Евертон кај Арсенал, како и натпреварот против Вест Хем една недела подоцна.

На 23 септември Англија гостува во Италија, а три дена подоцна на „Вембли“ ќе ја пречека Германија.

Првиот натпревар на Евертон по паузата е против Саутемптон на 1 октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови