Македонскиот првак Шкендија имаше очајно европско лето, доживеа четири порази и експресна елиминација од двете натпреарувања. Прво беше исфрлена од Мура во квалификациите за Лигата на шампионите со катастрофални 0-6 по 180 минути, а потоа дојде и поразот од Рига во двомечот (вкупни 0-3) во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Шкендија покажа многу слабости, порозна и бавна одбрана, неинвентивен среден ред и можеби најголемата маана, очајна реализација на создадените шанси. Сето ова придонесе раководството на Шкендија да размислува за промена на тренерската позиција. Сериозно се тресе столчето на тренерот Ернест Ѓока и можно е тој да не го дочека ниту стартот на првенството во Првата фудбалска лига на Македонија.
Шкендија за нов тренер го сака досегашниот селектор Игор Ангеловски. Тој на 1 август и дефинитивно ќе биде слободен за ангажман со оглед дека утре истекува неговиот договор со Фудвалската федерација на Македонија. Иако има неколку солуции и за ангажман во странство, доколку преговорите влезат во конкретна фаза, можно е Игор Ангеловски да го стартува шампионатот на клупата на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













