Шкендија рутински ја совлада Беласица во Тетово и го чува врвот на табелата со четири бода предност во однос на конкурентите, Македонија ЃП и Шкупи. Тренерот Ернест Ѓока е задоволен од изданието на тимот, но и загрижен е за повредата на Мурати.
„Игравме против последнопласираниот тим на табелата, но среќен сум што концентрацијата на тимот беше максимална. Си ја завршивме работата, победивме нов првенствен натпревар и ја зголемивме бодовната предност на табелата. Единствено сум загрижен за повредата на Мевљан Мурати и се надевам дека не е ништо сериозно. Разликата со конкурентите е четири бода, не е тоа многу голема предност, мораме да бидеме фокусирани бидејќи пред нас се гостувања кои можат да бидат многу тешки“, изјави Ернест Ѓока по триумфот над Беласица.
Шкендија во следното коло му гостува на тимот на Академија Пандев во Струмица.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













