
Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на стартот од годинешното Европско првенство и само брзата реакција на лекарите му го спаси животот на играчот од средниот ред на Интер. Данскиот репрезентативец сега има вградено дефибрилатор и дозволено му е да игра фудбал, но не смее и во Италија каде што има правило кое забранува настапи на играчи со какви било проблеми со срцето.
Тој вчера пристигна во Милано за да разговара за целата ситуација. Интер и Ериксен се договориле да го раскинат договорот кој имаше важност до 2024 година.
Во последните недели, Ериксен тренираше со Одензе во Данска, а како потенцијални нови дестинации за 29-годишниот фудбалер се споменуваат Англија, Холандија и Данска.
Ериксен професионалната кариера ја започна во Ајакс и играше од 2010 до 2013 година, се до трансферот во Тотенхем, за кој настапуваше до лани и заминувањето во Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
