Connect with us

Ериксен е стабилен, Данска го откажа тренингот, Интер демантира дека примил вакцина против Ковид-19

Состојбата на Кристијан Ериксен и денеска е стабилна, останува во болницата во Копенхаген. Повторно разговаравме со него ги поздрави соиграчите. Во болницата ќе му бидат направени дополнителни испитувања, информираат денеска од Фудбалската федерација на Данска.

Данската репрезентација го откажа денешниот тренинг за да можат играчите да се соземат по вчерашните трагични случувања на натпреварот со Финска.

Се огласи и Интер. Клубот експресно ги демантираше шпекулациите кои се појавија на социјалните мрежи дека Ериксен пред извесен период примил вакцина против Ковид-19.

„Кристијан Ериксен нема прележано Ковид-19, ниту пак примил вакцина против коронавирусот“, се вели во објавата од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови