Фудбалерот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез, оваа сезона повеќе нема да игра за клубот бидејќи ќе биде опериран од ингвинална хернија, објави аргентинското издание „Оле“. Поради ова, ќе му требаат неколку недели да се опорави.
Веќе некое време Енцо Фернандез се жалеше на болки, но и покрај тоа играше натпревари.
Постоеше опција лекувањето да се спроведе на лето, но по консултација со лекарите на Челси и на аргентинската репрезентација, донесена е одлуката да се оперира сега. Идејата е да му се даде време на Фернандез целосно да се опорави за претстојната Копа Америка, која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Бенфика во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Сепак, неговите перформанси оваа сезона беа во согласност со повеќето играчи на Челси, неубедливи и непредвидливи.
Енцо Фернандез досега учествуваше на 40 од вкупно 45 натпревари за лондончани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













