
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Eнтони, призна дека доста тешко го поднел понижувачкиот пораз од Ливерпул (0-7). Не можел ни да заспие во следните неколку денови. Позитивно за него и за соиграчите беше тоа што само неколку дена подоцна успеа да се смири, победувајќи го Бетис со 4-1 во Лигата на Европа.
„Поразот од Ливерпул беше многу болен, после тоа не можев да заспијам. Но, во фудбалот не може да се плаче за минатото. Знам дека овој резултат е неприфатлив и затоа беше важно да се покаже реакција против Бетис. Извинете ако не ги поддржав навивачите. На стадионот секогаш има над 70.000 луѓе, тоа е импресивно и тие се наша поддршча. Ќе го вратиме клубот на местото што го заслужува. Навивачите се неверојатни. Дојдоа и после натпреварот на „Енфилд“, многу сме среќни што ги видовме на стадион и после овој неприфатлив резултат. Мислам тоа повторно ќе остане зад нас в недела за да ни даде сила и да се соочиме со Саутемптон“, рече Ентони.
„Знам дека ова беше тежок момент и за менаџерот. Тој мораше постојано да дава интервјуа. Не му беше лесно, како и на нас, но се надевам дека научивме лекција. Беше строг со нас, но на вистински начин и во вистински момент. Сите гледаме во иста насока. Тимот е обединет, а навивачите се со нас и тоа е најважно“, истакна Бразилецот.
Манчестер Јунајтед утре на „Олд Трафорд“ го пречекува Саутемптон и се надева на триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
