Шпанија и Франција вечерва ќе се сретнат во финалето на Лигата на нации во Милано. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, вели дека неговата селекција има ѓаволски тешка задача за да го освои трофејот во второто издание од ова натпреварување. Во полуфиналето го елиминира европскиот првак, а во финалето ќе игра против светскиот првак.
„Каков неверојатен тим има Франција. Тоа се фудбалери од најдобрите клубови во Европа, тие се најдобриот тим во светот. Имаат фантастичен напад и можат во секој момент да го свртат натпртеварот во своја корист. Тешка е нашата задача. Игравме и победивме против европскиот шампион, а сега ќе треба да им се спротивставиме на светските шампиони. Но, тоа е убавината на фудбалот. На Шпанија добро би и дошол еден национален трофеј по подолго време“, изјави Луис Енрике пред вечерашната финална пресметка во Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













