
Македонскиот репрезентативец Енис Барди се враќа во Шпанија, бидејќи постигнал договор да ја продолжи својата кариера во тимот на Ваљадолид, објави шпанскиот медиум „АС“.
Откако успешно го раскина договорот со Трабзонспор, патот за негов ангажман во Валјадолид е отворен. Со тоа, Валјадолид ќе ја добие битката за Барди против конкурентите Еспањол и Рајо Ваљекано.
Доколку трансферот се реализира, ова ќе биде враќање на Барди во шпанскиот фудбал по три години, каде претходно блескаше во дресот на Леванте.
Во текот на оваа сезона во турската Суперлига, Барди забележа само осум настапи. Тој пристигна во Трабзонспор во 2022 година од Леванте, а претходно ја градел својата кариера во унгарскиот Ујпешт, шведскиот Преспа Бирлик, како и младинските екипи на Брондби и Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
