Ненад Бјелица од неодамна е тренер на Унион Берлин, клуб кој минатата сезона беше хит во германскиот шампионат. Хрватскиот стратег ќе има тешка мисија да го задржи прволигашкиот статус на овој клуб.
Бјелица одлучи да ја прифати понудата на клубот и да ја преземе таа задача, а негова желба е да доведе неколку играчи во зимскиот трансфер период на кои им верува и би можеле да го засилат постоечкиот кадар.
Бјелица го посакува македонскиот репрезентативец Енис Барди од Трабзонспор. Капитенот на македонскиот национален тим играше одлично под водство на Бјелица во Трабзонспор, но сега игра сѐ помалку откако си замина хрватскиот стручњак. На последните четири натпревари тој се појави само еднаш и собра само 15 минути под водство на Абдула Авчи.
Според турските медиуми, Унион Берлин веќе стапил во контакт со Трабзонспор околу евентуален трансфер на почетокот на јануари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski