Македонскиот репрезентативец и фудбалер на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди, е најдоброрангираниот фудбалер од нашата земја во Европа за 2020 година, во изборот на Sofascore. Компанијата која се занимава со известување, анализирање и статистичка обработка на натпреварите, направи анализа на настапите на најдобрите фудбалери од секоја земја (освен Гибралтар за која нема податоци) во клубот и во репрезентацијата и ги објави поединечно, за секоја држава.
Најдоброрангиран фудбалер од Македонија е Енис Барди, со коефициент (6.92). Тој имаше одлични натпревари и за Леванте и за репрезентацијата на Македонија во 2020 година. За жал, пред решавачкиот меч за пласман на ЕП против Грузија заработи непријатна повреда на ’рбетот поради која најверојатно ќе паузира до крајот на годината.
Барди е во одбрано друштво. За Португалија, најдоброрангиран фудбалер е Бруно Фернандеш, членот на Манчестер Јунајтед, за Белгија – Кевин де Бруин (Манчестер Сити), за Германија – Џошуа Кимих (Баерн Минхен, за Ерменија – Хенрик Мхитарјан (Рома)…
? | 2020 OVERVIEW
The calendar year is ending soon, so it’s time for recaps – starting with top-rated players in our database (matches for club & country) in 2020 for each UEFA member in this thread! ?
To kick things off – stars from associations at the start of the alphabet! pic.twitter.com/N8PUC2zyJO
— SofaScore (@SofaScoreINT) December 11, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski