Фудбалерите на Кит Го максимално активно продолжуваат со подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток. Во својата база во Пехчево, од денеска почнува третата недела подготовки низ која ќе се темпира формата за новата сезона.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е повеќе од задоволен од досегашниот тек на подготовките и од залагањето на фудбалерите.
„Навистина сум задоволен од залагањето на играчите во досегашниот подготвителен период. Работиме напорно во одлични услови во нашата база во Пехчево, избегнувајќи ги летните горештини. Имаме одлични услови за работа и сето тоа е повеќе од доволно за успешна реализација на оваа фаза од подготовките. Во Пехчево остануваме до 1. август а потоа се селиме во Штип каде се планирани техничко-тактички подготовки до 10. август, за да на крај финалната фаза е повторно во Пехчево се до почетокот на првенството“ – вели Грнев.
Во наредниот период следи реализацијата и на планираните пријателски натпревари.
„Најдобро е што сите фудбалери се здрави, под максимален тренажен процес и силно мотивирани за враќање на фудбалот. Секако формата ќе биде темпирана и преку планираните тестови со Плачковица и Осогово, но сепак тоа ќе зависи и од исполнувањето на протоколите на ФФМ. Во наредниот период планирани се уште едно до две засилувања за тимот со што ќе се комплетира играчкиот кадар за новата сезона“ – истакнува Емил Грнев.
Како што е познато, Кит Го претходно се засили со 21-годишниот голман Мартин Давков кој минатата сезона беше дел од првиот тим на штипска Брегалница. Од првиот тим на Брегалница пристигна и 19-годишниот фудбалер од средниот ред, Марио Рунтев, како и досегашните членови на младинската екипа на штипските „сини“, 18-годишните Александар Алексов и Никола Митев.
Од клубот заминаа младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, кој по позајмицата повторно се врати во Брегалница. А, во Брегалница се преселија и Александар Пановски и Бојан Ѓоргиевски. Завршена е соработката и со Бојан Рајков.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski