
Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец, кој во моментов е дел од Лајпциг, се наоѓа пред заминување од клубот, откако не успеа да се наметне во тимот. Со само шест настапи оваа сезона, сите како замена, неговото време во Лајпциг изгледа дека завршува, а неколку клубови од топ шест во Бундес – лигата покажале интерес за него.
Според информациите од Германија, Елмас би можел да ја продолжи кариерата во клубови како Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд или Мајнц.
Баер Леверкузен би го користел Елмас како креативна опција во средниот ред, особено заедно со младиот талент Флоријан Вирц. Од друга страна, Борудија Дортмунд, која се соочува со проблеми поради повреди, би го гледала Елмас како играч кој може да донесе стабилност и длабочина во тимот.
Мајнц, иако не е толку звучно име како претходните клубови, има добра репутација за оживување на кариерите на играчите. Пример за тоа е Надием Амири, па постои можност истото да се случи и со Елмас, доколку се одлучи за овој клуб.
Лајпциг е подготвен да го ослободи играчот во зимскиот преоден рок, било преку позајмица со опција за откуп, било преку директен трансфер. Со ова, клубот се надева дека ќе поврати дел од инвестицијата од 24 милиони евра, што ја направи минатата зима за неговиот трансфер.
Следниот потег на Елмас ќе биде клучен за неговата кариера, а интересот од Бундес – лигата сугерира дека тој сè уште има простор за докажување на највисоко ниво.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
