
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа го постигна својот прв гол за Торино во поразот од 2-3 против Болоња.
Тој влезе во игра во 62. минута, а само три минути подоцна се запиша меѓу стрелците со фантастичен погодок.
По натпреварот, тренерот на Торино, Паоло Ваноли, го пофали Елмас за неговиот настап.
„Жалиме за поразот, но Елмас ни носи дополнителен квалитет. Тој е важен играч и тоа го докажа уште во Наполи. Сигурен сум дека многу ќе ни помогне во продолжението на сезоната“, изјави Ваноли.
По 25 одиграни натпревари, Торино се наоѓа на 11. место во Серија А со 28 освоени бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
