
Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас го имаше првото интервју откако го засили Лајпциг, и тоа за клупскиот сајт на бундеслигашот. На Германците им откри дека му е удобно да игра каде било во средниот ред и е многу разновиден играч.
Зборуваше за неговата преселба во Лајпциг, неговата омилена позиција и неговите аспирации.
„Тоа е голема промена, сè се случи толку брзо. Сепак, среќен сум што сум тука. Се приклучив на одличен тим кој има голем квалитет. Лајпциг е голем клуб во Германија. Ми се допаѓа како се развиваат младите таленти овде. Имам 24 години, млад сум и сè уште можам да се подобрам. Тука е вистинското место да го направам токму тоа“, изјави Елмас.
„Секако, сè е многу ново, но беше убаво да се излезе на теренот со момчците и стручниот штаб. Марко Росе е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сега мое е да апсорбирам сè што можам и подобро да ги сфатам основите на теренот“.
Инаку, сакам да играм како десетка, но можам да играм секаде во средниот ред“, потенцира македонскиот репрезентативец.
Набрзо ќе ја има поддршката и од семејството, како што беше и во Неапол.
„Ќе се преселам во Лајпциг со моето семејство. Моите родители и браќата и сестрите ќе дојдат со мене. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, кој долго време играше за Лајпциг, добро го познава градот. Ми даде неколку совети. Сакам да научам германски јазик што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот, бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам“, истакна Елмас.
Германците се сеќаваат на голот што го постигна за националниот тим на Македонија во големиот триумф (1-2).
„Тоа е еден од моите омилени голови досега. Добро го паметам. Тоа беше голем ден за нашата репрезентација“, изјави „дијамантот“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа
