Connect with us

Елмас: На која позиција сум најдобар? Прашајте го Спалети

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас прикажа фантастично издание во дресот на Наполи на дуелот против Лестер во Лигата на Европа. Тој постигна два гола во триумфот од 3-2 и се израмни со Виктор Осимен на врвот на листата на стрелците во тимот на „наполитанците“ со четири погодоци.


По завршувањето на дуелот во Неапол, Елмас не го криеше задоволството од двата постигнати гола, но и од триумфот над англискиот тим.

„Среќен сум поради постигнати голови. Но, секако, во преден план е тимот и нашиот триумф. Тренерот Спалети ни кажа дека сме квалитетен тим и дека вечерва треба да одиграме најдобро што знаеме. Прикажавме добра игра и обезбедивме пласман во нокаут фаза од ова натпреварување. На која позиција сум најдобар? Не знам, прашајте го Спалети“, изјави македонскиот репрезентативец за италијанските медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови