
Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас блеска во полн сјај во дресот на Наполи, на двата последни меча постигна прекрасни голови и се заблагодари на довербата што му ја укажа тренерот Џенаро Гатузо. За неговиот потенцијал и врвните квалитети наголемо се зборува во Италија, а ги потврди и прославениот македонски фудбалер Виктор Треневски, кој му беше тренер на Елмас во Работнички, непосредно пред заминувањето за Фенербахче.
Треневски вели дека уште тогаш проценил дека Елмас ќе биде еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата.
„Кога го видов Елмас, прво што помислив е дека ќе биде еден од најдобрите фудбалери на Македонија во историјата, заедно со Дарко Панчев и со Горан Пандев. И тоа сум го кажал пред пет години и сега повторно го кажувам. Елиф е фудбалер кој е еден вид микс од Савиќевиќ, Хамшик и од Сон“, изјави Виктор Треневски за наполитанските медиуми.
Тој го истакна и карактерот на Елмас како негова водилка низ кариерата. Елмас е трудољубив, секогаш го дава максимумот, на секој тренинг и на натпревар.
„Ако му кажам да направи одредена вежба, тој ја прави максимално, без да ескивира. Тоа момче има неверојатен карактер и роден е за да успее. Има одлична техника, можеби малку треба да поработи на шутот и мислам дека е најопасен кога е најблиску до противничкиот гол“, изјави Треневски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
