Connect with us

Елмас: Играме во големи клубови и подготвени сме за предизвикот што го носи Европското првенство

Македонија е подготвена за големи дострели и на Европското првенство. Младата ѕвезда Елиф Елмас делува самоуверено, најавува одлични изданија на македонскиот национален тим и на големиот собир.

„Играме во големи клубови, подготвени сме за предизвикот што го носи Европското првенство. Знаеме што носат такви натпревари, дека е тоа сосема поинаков интензитет и притисок. Верувам дека ќе ја израдуваме нацијата со добри игри и резултати“, изјави Елиф Елмас.

Утре македонскиот национален тим ја има последната проверка пред ЕП, во Скопје ќе гостува селекцијата на Казахстан.

„Секој противник се респектира и секој натпревар во дресот на Македонија е нешто посебно. Ќе играме на победа, би сакале да земеме залет за ЕВРО“, порачува стрелецот на голот за Македонија на претходниот тест против Словенија (1-1).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови