
Елиф Елмас со Наполи излезе како победник против Горан Пандев и Џенова. „Наполитанците“ славеа со 1-2 на гости, а Горан Пандев може да жали затоа што ВАР – технологијата му поништи погодок. Тој влезе во игра на почетокот на второто полувреме, додека Елмас одигра безмалку цел натпревар, беше повлечен во судиското продолжение од мечот.
Фабијан Руиз во 39.минута донесе водство за Наполи, а израмни Андреа Камбијасо во 69.минута. Сепак, Андреа Петања, две минути откако влезе во игра, во 84.минута го постигна победничкиот погодок за „наполитанците“.
Сасуоло и Сампдорија ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
