Connect with us

Елиф Елмас и Нејмар можеле оваа сезона да бидат соиграчи во Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас можел да биде соиграч со Бразилецот Нејмар во Наполи оваа сезона. Сепак, трансферот на еден од најпопуларните фудбалери на денешницата во Серија А не се остварил.

На почетокот на годината, Нејмар се врати во Бразил, менувајќи ја Саудиска Арабија и Ал-Хилал за Сантош, но неговата судбина можеше да биде поинаква – Италија.


Според „Газета дело спорт“, тренерот на Наполи, Антонио Конте, спортскиот директор Џовани Мана и претседателот Аурелио Де Лаурентис разгледувале можност да го ангажираат бразилскиот репрезентативец.

„Лудата идеја се појави околу јануари, се движеше низ неаполскиот универзум до мај и исчезна, затоа што тогаш животот се менува, на прагот на шампионскиот празник“, пишува „Газета дело Спорт“.

Во тоа време, Кевин Де Бруин сè уште не беше дел од плановите на италијанскиот клуб.


„И кога требаше да се донесе одлука и соодветно да се дејствува, имајќи го предвид Де Бруин, стануваше природно да се загубиш во неколку часа размислување и да се помириш“, додава изворот.

И покрај напорите на раководството на Наполи, можноста Нејмар да се приклучи на тимот исчезна со доаѓањето на белгискиот репрезентативец, па бразилскиот напаѓач се врати дома во Сантош.

По Де Бруин, пред крајот на преодниот рок, и Елиф Елмас се врати во Наполи откако комплетно се раздели со бундеслигашот Лајпциг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови