Connect with us

Ел Класико: „Кралевите“ ја бетонираат титулата или Барса ја враќа интригата?

Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите вечерва во 32.коло на Ла Лига. Тоа е 257. издание на најочекуваниот натпревар во светот, популарното Ел Класико, кое конечно може да ги бетонира „кралевите“ на врвот или да создаде интрига за титулата на уште шест кола до крајот на сезоната.

Домаќините влегуваат во мечот на „Сантијаго Бернабеу“ како фаворити, а и со зголемена самодоверба по елиминацијата на Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Во исто време, расположението во Барселона е спротивно по тешкиот пораз и елиминацијата од ПСЖ на „турнирот на богатите“.

На табелата, Реал Мадрид е лидер со 78 бода, осум повеќе од Барселона. До крајот на сезоната остануваат уште седум кола, а победа на „кралевите“ во голема мера ќе им ја гарантира титулата.
Реал Мадрид оваа сезона има две победи над Барселона – првенствена (1-2) на „Камп Ноу“ и за Суперкупот на Шпанија со 4-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови