Поранешниот спортски консултант на Фиорентина и доктор, Џорџо Галанти е осуден на едногодишна затворска казна поради смртта на Давиде Астори. Поранешниот капитен на Фиорентина почина во сон на 4 март 2018 година, ноќта пред дуелот со Удинезе.
„Газета дело Спорт” тврди дека обвинителот на случајот барал казна од една и пол година бидејќи Галанти бил под истрага за убиство со умисла. Сепак, на крајот тој е осуден на една година затвор.
“Пресудата требаше да биде поинаква”, рече адвокатот на обвинетиот. “Ќе ги чекаме причините за оваа одлука, и ќе поднесеме жалба на третостепена судска инстанца. Го информирав мојот клиент за казната и тој е шокиран. Одлуката воопшто не ни се допаѓа, а ќе работиме и на нејзината жалба”.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski