Connect with us

Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Крилниот напаѓач на Кристал Палас, Еберечи Езе, ќе прејде во Арсенал. Информацијата за преговорите меѓу двата клуба се појави порано во средата, а сега британските медиуми тврдат дека сè е договорено и дека зделката практично е финализирана.

Двата клуба веќе имаат усен договор за трансферот, а останува само договорот официјално да биде потпишан. Самиот Езе исто така постигнал договор со Арсенал, при што лично решил да се пресели на „Емирати“. Тој беше посакуван и од Тотенхем, но одбрал да се врати кај „точџиите“, каде што ја започна својата кариера во клупската академија.

Арсенал ќе му плати на Кристал Палас повеќе од 60 милиони фунти за правата на 27-годишниот фудбалер. Тој пристигнува во клубот како замена за Каи Хаверц, кој заработи посериозна повреда, што ги натера челниците на лондончани да реагираат брзо и да го донесат Езе.

Ова претставува голем удар за Тотенхем, кој во последните денови водеше интензивни преговори со Кристал Палас за ангажманот на Езе, но страните не постигнаа договор, па на крајот Арсенал му го „украде“ фудбалерот пред нос на својот вечен ривал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови