Connect with us

Душан Влаховиќ на лето се сели во Арсенал?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел да си замине од Јувентус по завршувањето на оваа сезона. Италијанскиот „Тутоспорт“ пишува дека Арсенал го обновил интересот за Србинот и дека на лето ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Арсенал нема класична „деветка“, на оваа позиција главно игра Каи Хаверц, кој е офанзивен играч за врска, а на менаџерот Микел Артета му е јасно што му е потребно за уште поголем пробив следната сезона.
Јувентус наводно е подготвен за преговори, би се согласил на продажба за 70 милиони евра, а парите би биле инвестирани во еден од тројцата напаѓачи кои се желби на клубот, Џошуа Зиркзе од Болоња, Алберт Гудмундсон од Џенова и Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови