Одличниот норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд на лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а за него се заинтересирани најбогатите европски тимови како Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Манчестер Сити…Норвежанецот позираше во дуксер од „Адидас“, што е потврда дека се согласил на договор со германскиот гигант за спортска опрема.
Шпанските медиуми тврдат дека токму оваа негова одлука ќе го носи Халанд кон потпис за Реал Мадрид. „Кралевите“ се најголемиот рекламен огласувач на „Адидас“, па се верува дека германската компанија ќе се обиде да го убеди Халанд да се пресели на „Бернабеу“.
Се верува дека Халанд ќе ја донесе конечната одлука до 30 април, а навивачите на Реал веруваат дека неговата преселба во Адидас може да биде навестување за нов голем трансфер, откако е речиси извесно дека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе дојде и Килијан Мбапе.
Халанд за пет години спонзорство, од „Адидас“ ќе заработи околу 50 милиони евра. Германската команија за спортска опрема е генерален спонзор на Реал Мадрид од 1998 година, а во 2019 година беше потпишан нов договор до 2028 година, кој на Реал му носи повеќе од 100 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













