Работник од Непал, на кој Катарците му останале должни околу 1.800 долари, сними видео во кое апелира до Хари Кејн и другите фудбалери да го кренат гласот за работниците како него, за кои вели дека ги има стотици. Нарајан Прасад Сигдел работел за 12 долари на ден за градење на стадионот „Ал Бајт“, но богатата држава му должи повеќе од 160 дневници.
„Ги молам Хари и другите фудбалери на Светското првенство да го кренат гласот за нас и да ни помогнат преку медиумите или на кој било друг начин. Не сум единствениот, и ако ние работниците ќе ја земеме платата што ни ја должат поради бунт на фудбалерите, тогаш ве молам да го сторите тоа“, изјави Сигдел во видеото што го сними во соработка со „Еквидем“, организација за човекови права.
Тој е еден од илјадниците работници кои дванаесет години работеа на изградбата на стадионите во Катар. Живееле во нехумани услови, имале минимални плати, а според проценките на независните агенции, околу 6.500 од нив починале во Катар. Работниците главно биле од сиромашните азиски земји како Бангладеш, Непал, Шри Ланка, Пакистан и Индија.
„Еквидем“ разговараше со стотици работници, од кои 15 отсто не земале плата за тешката физичка работа. Тие морале да платат и до 500 долари за курсеви за обука за работа. Им било кажано дека парите ќе им бидат вратени, но не било така.
„Застрашувачки е тоа што им го направија на тие луѓе. Ги донесоа од другата страна на светот, ги принудија да работат напорна работа, а потоа не им платија. Во турнирот беа инвестирани милијарди, ќе се заработат милијарди, а работниците не беа платени ниту малку. Ако некој како Кејн каже нешто, тоа би било навистина голема работа“, изјави директорот на „Еквидем“, Мустафа Кадри.
As the #MORvsCRO match takes place, we share testimony from a construction worker who helped build the stadium where the match is being held – #AlBaytStadium. He reflects on an abusive work environment which included immense pressure, unpaid wages, and discrimination. #PayUpFIFA pic.twitter.com/U5PcLOuNhe
— Equidem.org (@EquidemOrg) November 23, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal