Connect with us

Дрогба во одбрана на Мурињо: Не може мојот втор татко да биде расист!

Поранешниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба, кој помина една и пол сезона во Галатасарај, испрати порака до „Џим Бом“ во одбрана на Жозе Мурињо по обвинувањата за расизам. Португалскиот стратег повторно предизвика бура во Турција со својата изјава по големото дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај, кога рече дека клупата на „жолто-црвените“ „скокала како мајмуни“.
Ова предизвика бурни реакции од редовите на Галатасарај, кои најавија тужба против Мурињо и поднесување жалба до ФИФА и УЕФА.

Дрогба, кој има блиска врска со Мурињо од времето кога заедно работеа во Челси, јавно застана во негова одбрана.

„Драг Галатасарај… Знаеш колку бев горд што го носев жолто-црвениот дрес и колку го сакам најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку страсни и жестоки можат да бидат овие дерби натпревари, а јас имав среќа да го доживеам тоа. Ги видов последните коментари за Жозе Мурињо. Го познавам Жозе 25 години, затоа верувајте ми кога ви велам дека тој не е расист – историјата го докажува тоа.

Ајде да се фокусираме на нашите натпревари и да ги поддржиме нашите брилијантни „лавови“ во борбата за петтата ѕвезда.

Како може мојот „фудбалски татко“ да биде расист… Ајде, момци“, истакна Дидие Дрогба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови