Австрискиот фудбалски репрезентативец со српско потекло, Марко Арнаутовиќ, бил цел на криминален напад во неговиот дом во близина на Комо, Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
Инцидентот се случил доцна синоќа, околу 23 часот, кога двајца маскирани напаѓачи се обиделе насилно да влезат во луксузната вила на фудбалерот. Нападот довел до жестока пресметка со обезбедувањето, при што еден од чуварите бил сериозно повреден – бил удрен со тежок предмет во главата и итно пренесен во болница.
Среќна околност во целиот настан е што ниту Арнаутовиќ ниту неговото семејство не биле присутни дома во моментот на нападот. Во куќата се наоѓала филипинска двојка која работи како персонал за одржување, а токму тие веднаш повикале полиција.
По жестоката пресметка, разбојниците побегнале од местото и полицијата веќе работи на идентификување и нивно пронаоѓање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













