
Новиот проволигаш во Серија А, Салернитана не можеше да го запре победничкиот поход на Наполи оваа сезона, па загуби со 1-0 на домашен терен во Салерно. Гостинскиот состав на Лучијано Спалети, долго време, се обидуваше да постигне погодок без главниот напаѓач, Виктор Осимен.
Сепак, среќата, конечно им се насмевна на “сините”, па Пјотр Зиелински ја затресе мрежата на Вид Белец по еден час игра, во 61. минута. Двете страни останаа без еден фудбалер на теренот, при што Григорис Кастанос заработи црвен картон, оставајќи ги домаќините да доиграат пола час, со играч помалку. Но, Наполи имаше предност од фудбалер повеќе само седум минути, откако беше исклучен и Калидо Кулибали.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас го почна натпреварот од клупата за резервни играчи, а влезе во игра во 60. минута на местото на Ирвинг Лозано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal