Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати охрабрувачки пораки до легендата на македонскиот фудбал, Бошко Ѓуровски, кој накратко ја изгуби свеста додека држеше говор во чест на починатиот фудбалер на Црвена Звезда, Дејан Миловановиќ.

„Ти можеш, Бошко, ти праќаме поддршка,“ напиша Омерагиќ, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на македонската легенда и поранешен селектор на националниот тим.
На Ѓуровски, кој ја предводи ветеранската секција на белградските „црвено-бели“, веднаш му беше укажана лекарска помош. Според првичните информации, неговата состојба е стабилна и најавите се оптимистички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













