Српскиот првак Црвена звезда загуби од Лајпциг со 1-2 на стадионот „Рајко Митиќ“, а капитенот на тимот Александар Драговиќ изгледаше доста незадоволно по натпреварот.
„Морам да признаам дека Лајпциг заслужено победи, можеше да биде 3-0, 4-0 на полувремето. Можевме и ние да стигнеме до 1-1 потоа, но… Мислам дека беа подобри, да бидам искрен“, изјави тој.
Како еден од најискусните играчи, тој вели дека не може на таков начин да се игра во Лигата на шампионите.
„Примивме ист гол како и во Лајпциг. Како го одигравме првото полувреме, тоа ми пречи. Тоа не е доволно за Лигата на шампионите. Ако играме вака, ќе загубиме и против Јанг Бојс во Берн. Мора да играме подобро, а не само да зборуваме“, изјави Драговиќ.
Следниот натпревар на Црвена Звезда е во Швајцарија, тимот игра во Берн против Јанг Бојс во решавачки дуел за пласман во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













