Новиот прволигаш Пелистер го составува ростерот за новата сезоната во македонскиот шампионат. Битолчани денеска ги продолжија договорите со стандардните првотимци Христијан Драгарски и Љавдрим Фазлиу.
Драгарски во Битола стигна во јануари годинава од редовите на Струга Трим и Лум. Љавдрим Фазлиу во истиот преоден рок го засили Пелистер, преминувајќи од редовите на Работнички.
Битолскиот тим вчера го потпиша Валентин Кочоски кој замина од Струга Трим Лум. Претходно беа доведени голманот Давор Талески, дефанзивецот Дарко Илиески, играчот за врска Ѓорѓи Танушев и црногороскиот интернационалец Иван Пејаковиќ кој настапува на крилните позиции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













