Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев се збогува од Шкендија. Тој по истекот на договорот кариерата ќе ја продолжи на друго место, најверојатно во странство.
Дориев во изминатите три години го носеше дресот на Шкендија и израсна во еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат, стекнувајќи се и со статус на репрезентативец.
„Поминати три прекрасни години, чест и гордост беше да го носам овој дрес. За Шкендија, навивачите (Балистите) и Тетово – „БЛАГОДАРАМ“ е малку што можам да кажам. На сите ви посакувам здравје, среќа и успех. Јас останувам голем навивач на Шкендија и сигурен сум дека следуваат нови успеси и радости за клубот и навивачите“, објави Љупчо Дориев на социјалните мрежи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski